433
Градоначалникот на Ново Село Боро Стојчев, кој пред недела дена беше фатен при шверц на цигари на македонско-бугарската граница, доби дополнителни 30 дена мерка притвор.
Освен Стојчев, во притвор остануваат неговиот син и други двајца соучесници осомничени за криумчарење. Вака одлучи кривичниот совет при струмичкиот суд, откако основното јавно обвинителство достави обвинение и предлог за продолжување на мерката притвор за четири учесници.
„По предлог на обвинителството, мерката притвор за осомничените за шверц со цигари е продолжена на 30 дена а до крајот на месецов ќе биде закажано и првото судско рочиште на кое ќе бидат сослушани странките“, информираа од струмичкиот суд.