Градоначалникот на Крушево: Очигледно е дека беше подметнат пожар во депонијата!

by fokus

Депонијата во Крушево во изминатите неколку години им предизвикува сериозни проблеми на жителите, кои ја вдишуваат неподносливата смрдеа што се шири, особено во пролетните и летните месеци.

Крушевскиот градоначалник, Томе Христоски смета дека пожарот кај депонијата е подметнат.

„Депонијата е изгасена за рекордно брзо време, очигледно беше подметнат пожар, но нема никаква опасност кон моите сограѓани“, вели градоначалникот Христоски.

Поврзани новости