733
Христијан Мицкоски молчи за скандалозните договори на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски кој го крчми буџетот на општината на блиски луѓе, партиски соработници и на медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од владејачката партија.
-Во време на криза, кога општината се жали дека нема пари да плаќа струја и парно, Ѓорѓиевски ќе потроши 100.000 евра за вдомување на свои блиски луѓе.Да не беше лицемер, Мицкоски ќе му кажеше на својот градоначалник парите кои ги наменил за партиски вработувања и непродуктивни трошоци да ги пренамени за потребите на граѓаните, посочуваат од партијата.