135
Најстрого ќе бидат санкционирани сите оние кои шират страв и несигурност кај граѓаните со лажни вести, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски откако денеска се прошири информација дека две лица се обиделе да внесат во автомобил девојче од пред училиште во Карбинци.
Потоа МВР излезе со демант дека тоа било младо момче кое го викнало девојчето на кафе, но тоа се исплашило и пријавило кај директорката.
Спасовски апелираше дека не смее да се употребува трагедијата за политички цели и порача дека да се добиваат политички поени на мртви души и го спомена градоначалникот на Карбинци.