Градоначалникот на Ѓорче Петров троши 600.000 евра за партиски вработувања, обвини СДСМ

by Фокус

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски имаат две лица, едно за во опозиција и друго кога се на власт, изјави Кристијан Јовановски од СДСМ. Тој посочи дека градоначалникот Стојкоски ги задолжил жителите на општина Ѓорче Петров за нови 600.000 евра со одлуката за 7 нови партиски вработувања.

„За ДПМНЕ и Стојкоски кога се во опозиција општината е презадолжена и превработена, а кога ќе дојдат на власт, уште во првата година ја заглавуваат општината со нови кредити и нови партиски вработувања. Градоначалникот Стојкоски е доктор по задолжувања, затоа што како Претседател на Совет и како Градоначалник најмногу ја има задолжено општината“, рече Јовановски.

Поврзани новости