Срамна епизода „Стево и плочата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Фокус

Срамната епизода „Стево и плочата“ е продолжение на безличната политика на Стево Пендаровски, која во последните неколку месеци ја збогати со зачестени пишман изјави во стилот на неговиот соработник Зоран Заев, реагира ВМРО-ДПМНЕ, откако вчера Кабинетот на претседателот рече дека плочата во манастирот Прохор Пчински била поставена само за одбележувањето на 2 Август, односно била од времен карактер.

„Поминаа само фалбите на Пендаровски, помина пи-арот и по принципот на Потемкино село, работите ги снема. Она на кое што Пендаровски посвети најмногу фалење, а тоа е спомен плочата во манастирот, веќе е тргната. Но Пендаровски не би бил Пендаровски, ако не си ги порекне своите зборови. Тој секој пораз знае да го претставува како победа, ама сосема друго прашање е колку му веруваат граѓаните, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости