Градоначалникот на Бутел хоспитализиран на Инфективната клиника

by Fokus

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Велимир Смилевски е хоспитализиран на скопската Клиника за инфективни болести, потврди тој за „Фокус“.

„Овде сум веќе три дена, имав температура, но сега сум добар и се надевам дека ќе бидам добар. Тука најверојатно би останал до понеделник – истакна првиот човек на скопски Бутел во изјава за „Фокус“.

Тој пред неколку денови, поточно на 5 октомври објави дека е позитивен на Ковид-19. Смилевски тогаш истакна дека почувствувал мали симптоми, по што решил да направи тест.

„И покрај строгото почитување на мерките, сакам да ве информирам дека денеска по малите симптоми што ги имав веднаш направив тестирање за ковид-19 и истиот е позитивен. Затоа уште еднаш апелирам до сите да не го потценувате вирусот и можноста за зараза и да бидете максимално внимателни. Доколку кај вас или ваши блиски забележите и најмал симптом консултирајте ги матичните лекари и не одбивајте да се тестирате“, – објави пред неколку дена Смилевски.

И.М.

 

Поврзани новости