367
Земјотресите во западниот турски округ Чанаккале можно е да се организирани од странски сили кои имаат за цел уривање на економијата на Турција со „вештачки земјотрес“ близу Истанбул, смета градоначалникот на Анкара.
-Денес имаше голем земјотрес во Чанаккале. Јас проверив дека има брод што извршува сеизмични анализи во близина. Што бара тој брод и на која држава и припаѓа треба веднаш да се дознае. Стравувам од потенцијален земјотрес што може вештачки да биде предизвикан, напиша на Твитер, Мелих Ѓокчек.
Според него, ударот кон Турција сега има за цел да ја урне земјата економски со земјотрес близу Истанбул.