695
Градоначалникот на Кочани Љупчо Папазов доцна попладнево добил позитивен резултат на PCR-тестот за Ковид-19 што го направил во кочанскиот Центар за јавно здравје.
Во кусата телефонска изјава за МИА, Папазов потврди дека се чувстува добро, без видливи симптоми на Ковид-19, иако и двата теста го потврдиле присуството на корона вирусот.
Тој во неделата беше на состанок со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и сите градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Додека Мицкоски држеше прес, тој, заедно со сите градоначалници, стоеше зад него.