Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и Александар Николоски, од ВМРО-ДПМНЕ од понеделник, ќе бидат во посета на Соединетите Американски Држави на Националниот молитвен појадок, чиј покорвител е Доналд Трамп. Богоев најави средби со повеќе конгресмени, како и со претставници на National Democratic Institute и International Republican Institute (IRI).
„Овој настан обединува повеќе од 3.500 гости, светски лидери, претставници на бизнис секторот, верски водачи и истакнати личности кои зборуваат на политички и социјални теми“, напиша Богоев на својот Фејсбук профил.
Пред два дена своето учество го потврди и Николоски.
Молитвениот појадок се одржува уште од 1953 година секој прв четврток во февруари. Идејата е на Абрахам Вереида, методист од норвешко потекло.