Почина писателката Мери Хингс Кларк

by fokus

Писателката и авторка на бројни криминалистички бестселери Мери Хигинс Кларк почина во САД на 92-годишна возраст, потврди денеска нејзиниот издавач.

Хигинс Кларк, која обожавателите ја нарекуваа „кралица на неизвесноста“, во текот на својата кариера продаде повеќе од 100 милиони книги.

Позната е по бестселерите „Странецот набљудува“ (A Stranger Is Watching) и „Лулката ќе падне“ (The Cradle Will Fall), кои се и екранизирани.

Беше мажена за Ворен Кларк, со кого имаат пет деца.

Почнала да се занимава со пишување кратки приказни и сценарија по смртта на нејзиниот сопруг во 1962 година, но по совет на агентот почнала да пишува и книги.

Нејзините книги се преведени на 35 јазици, а првата книга „Каде се децата“ (Where Are The Children?) е реиздадена дури 75 пати.

Инспирација за своите дела наоѓала во новинските написи и судењата за убиства.

Пред 20 години нејзината издавачка куќа ја наградила со 64 милиони долари за договор за пет книги, со што била најплатениот женски автор во тоа време. МИА

Поврзани новости