472
Итната медицинска помош од Велес вчера во полиција пријавила дека биле донесени двајца граѓани со тешки телесни повреди, кои ги добиле изведувајќи градежни работи., соопшти Министерството нза внатрешни работи.
„Вчера околу 11.35 часот во СВР Велес е пријавено дека во Итна медицинска помош биле донесени повредени З.Ж.(63) и Ѓ.М.(62), двајцата од Велес. Според пријавеното, тие околу 11.00 часот, додека извршувале градежни работи на куќа во Велес, сопственост на И.Т.(37) од Велес, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес“, соопшти МВР.