Попладнево пред Владата на Република Македонија се одржува прославата по повод Денот на независноста, на која во 19:30 часот се обрати премиерот Зоран Заев.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, премиерот Заев го најави со зборовите: “ПОЧИТУВАНИ, ИМАМ ЧЕСТ ДА ГО НАЈАВАМ ОБРАЌАЊЕТО НА ЧОВЕКОТ КОЈ ОВОЗМОЖИ ДЕНЕСКА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИНОСТА – ДА ИМАМЕ СЛОГАН : МАКЕДОНИЈА, СЛОБОДНА, СЛОБОДНО ЖИВВЕЕ. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗОРАН ЗАЕВ.“.
Никој не може да го оспори ризикот кој Заев го презема на себе со објавувањето на нелегално прислушуваните разговори, но не смее да заборавиме дека тој стана премиер благодарение на граѓаните, на оние кои го гласаа, но и на оние кои преземаа ризик и на најразлични начини и се спротивставија на минатата власт.
Загрижува односот што владиниот портпарол со оваа најава го покажа кон премиерот. Заев сега има доволна моќ со фунцијата која граѓаните му ја доделија и нема потреба од ваков тип на величење, па дури ниту од портпаролот. Она што сега му е потребно на премиерот се конструктивни критики, а градењето на култови нека заврши со Никола Груевски.
Катерина Смилева