СДСМ: Груевски шири лажни вести, Законот за јазици не е противуставен

by fokus

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно ја манипулираат јавноста со цел да се обидат да создадат нови вештачки поделби, реагираат од СДСМ на изјавата на Груевски дека Законот за јазици е неуставен.

-Лажните вести се последната очајна стратегија на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Законот за употреба на јазиците не е противуставен, туку е во согласност со членот V од Уставот на Република Македонија и истиот ја унапредува употребата на сите јазици на немнозинските заедници и отвора шанса за изградба на едно општество за сите. Дополнително, за разлика од долгогодишното запоставување на македонскиот јазик од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ системски ја унапредува употребата на македонскиот јазик. Груевски останува единствен фактор на деструкција и човек кој не нуди решенија туку постојано создава проблеми. Залудни и очајни се неговите обиди преку лажни вести да ги манипулира граѓаните. Залудна и лицемерна е неговата денешна посета на Куманово, град, во кој Груевски од позиција на премиер не вложи ниту еден денар. Напротив, Куманово беше под постојани притисоци и опструкции од страна на владите на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, се вели во реакцијата на СДСМ.

Поврзани новости