Град Скопје: Во буџетот се предвидени многу капитални и инфраструктурни објекти

by Фокус

Откако кординаторот на советничката група на опозицискиот СДСМ, Дамјан Манчевски обвини дека со усвојувањето на Буџетот на Град Скопје, 14.000.000 евра ќе бидат потрошени на раскош, луксуз, фонтани, споменици и барокни фасади, со екпресна реакција се јавија и од Град Скопје. Тие тврдат дека градоначалникот Коце Трајановски присуствувал на седницата и дури им се обратил на советниците.

– Не е вистина дека овој Буџет е против интересите на граѓаните. Градот Скопје изминативе години сите буџети и програми за работи ги прави заедно со граѓаните во насока на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат. На отворен и транспарентен начин, изминативе 30-на дена, градоначалникот Трајановски со претставници на администрацијата и јавните претпријатија, ги посети сите десет општини каде одржа средби со градоначалниците, претставниците на општинските администрации, со граѓаните и претставниците од урбаните и месните заедници. На овие средби се дискутираше за потребите на граѓаните на Скопје и голем број од нивните предлозите се вметнати во буџетот и Програмите за работа на Градот Скопје и јавните претпријатија – се наведува во нивната реакција.

Од таму додаваат дека Буџетот на Град Скопје за 2015 година е балансиран и во него се предвидени голем број на капитални и инфраструктурни објекти, кои се во насока на подобрување на животниот стандард и квалитетот на живот на населението.

 

 

Поврзани новости