496
Град Скопје се уште нема одлучено каде да ги донира парите од откажаната новогодишна прослава, пишува Плусинфо.
-Каде ќе се донираат и на кој начин ќе одлучи Советот на Град Скопје, а седница се нема одржано изминативе неколку недели. Оваа одлука ќе се најде на дневниот ред на некоја од наредните седници, изјавиле од Градот.
Градот Скопје за прославата на Нова година на плоштадот планираше да потроши два милиони денари.