Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против набавката на модерни и еколошки автобуси

by Fokus

Град Скопје ги обвини советниците на ВМРО-ДПМНЕ дека продолжуваат со блокадата на проектите кои се од интерес на граѓаните.

„ Денес советниците на Христијан Мицкоски во Советот на Град Скопје гласаа против одлуката за набавка на модерни и нови еколошки автобуси.

Веројатно додека траеше седницата тие добија некоја нова порака со насока како да ги „зезнат“ граѓаните. Поради лични хирови на нивниот претседател, советниците казнуваат половина милиони жители на градот Скопје.

Се работи за срамна одлука на советниците на ДПМНЕ која доаѓа по директна партиска директива од раководството на партијата. Советниците на Мицкоски уште еднаш покажаа дека партиските и личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните.

Градската администрација нема да се откаже од модернизирањето на возниот парк на ЈСП Скопје затоа што тоа е приоритет кој произлегува од програмата која победи на изборите, програмата „За модерно Скопје“. Работиме на сериозни решенија на надминување на оваа блокада со цел остварување на јавниот интерес, интересот на Скопјани“ соопштија од Град Скопје.

Поврзани новости