679
По пишувањата на дел од медиумите дека новата фонтана на плоштадот „Македонија“ не прска повеќе вода, шпекулирајќи дека најверојатно се појавил технички проблем, се огласија од Град Скопје.
„По повод информациите кои беа објавени во некои од медиумите, а во врска со пуштањето на фонтаните на градскиот плоштад, ја информираме јавноста дека на 15 јуни беше извршено целодневно тестирање на површинска, таканаречена сува фонтана (џампинг џет), на плоштадот „Македонија“. „Фонтаната и плоштадот се уште се во фаза на изградба и тестирање и за официјалното пуштање во употреба јавноста благовремено ќе биде информирана“, се наведува во соопштението на Град Скопје.
За поставување на фонтаната беа потрошени 2,5 милиони евра.