Град Скопје: Нема никакво тајно депо каде што се кријат делови од оградата

by Фокус

По пресот на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски на кој тврдеше дека го откриле тајното депо каде се чува милионската ограда планирана за мостот „Холидеј ин“, веднаш со реакција се јавија од Град Скопје. Од таму тврдат дека пресот на Жерновски е сеење магла и потценување на граѓаните.

– Нема никакво тајно депо каде што се кријат делови од оградата. Наводните “тајни” фотографии кои што ги презентираа се направени во леарницата на  РЖ Институти каде што и се лие оградата. Целокупната постапка за изработка на ограда на мостот кај „Холидеј ин“ е целосно спроведена низ максимално транспарентна процедура, почитувајќи го законот за јавни набавки, каде имаше електронска аукција, по која е избрана РЖ Институт – АД Скопје – соопштија од Град Скопје.

Тие тврдат дека воопшто не ја кријат оградата од јавноста, туку истата е во тек на изработка, односно лиење и ќе биде поставена веднаш штом ќе биде готова. Според нив, на мостот нема да бидат поставени скулптури.

 

 

Поврзани новости