Град Скопје: Кампот пред Влада направи штета од еден милион денари

by Фокус

Град Скопје денеска преку соопштение информираше дека опозицискиот камп кој беше поставен пред Владата направил штета на системот за наводнување во висина од еден милион денари.

-Стручните служби на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило” извршија и увид на терен на состојбата на средишното зеленило на булевар Илинден, како и на околното зеленило, при што е констатирано дека е целосно уништено, како и системот за наводнување на зеленилото (систем капка по капка). Штетата на системот за наводнување на зеленилото е во износ од околу милион денари и ќе се реконструира во наредниот период, стои во соопштението од Град Скопје.

Останува да видиме колкави ќе бидат штетите од кампот поставен пред Собранието, кој беше во знак на поддршка на актуелната власт.

 

Поврзани новости