468
При вонреден инспекциски надзор во просториите на ЈП „Македонски шуми“, градските инспекциски служби донеле забрана за користење на котелот на нафта.
На претпријатието му се заканува казна до 8.000 евра доколку се утврди дека загадува.
„Повикана е и акредитирана мобилна лабараторија да изврши мерење на загадувачки супстанци и доколку биде утврдено загадување на воздухот ќе биде изречна казна согласно законските прописи во висина од 4000 до 8000 евра и 30 проценти од висината на изречената казна за управителот на јавното претпријатие“, информираа од Градот.