547
Град Скопје постави столпчиња на тротоарот долж улицата „Даме Груев“, пред поранешен Мекдоналдс, кој редовно служеше за паркирање на несовесни возачи. Неретко тука службениот автомобил го чекаше и министерот за правда.
„На барање на граѓаните денес започнавме да поставуваме столпчиња пред Министерство за правда. Идната недела ќе го оградиме и остатокот од тротоарот на овој потег во центарот на Скопје“, информираат од Градот.
Вчера министерот Билен Саљији вети дека повеќе нема да ја го узурпира тротоарот со својот службен автомобил.