Град Скопје до Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ го случи договорот за тендер со фирмата од Струмица

by Fokus

Oд Град Скопје реагираат на тврдењата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, дека vласта доделува тендер на фирма од Струмица блиска до Зоран Заев.

Според нив, договорот е склучен многу порано и е склучен од претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а тие сега само го продолжиле за три месеци и тоа по пониска цена од претходната.

Тие напоменуваат дека Град Скопје ја презема „Дрисла“ на 22 јануари годинава со сите права и обврски коишто произлегуваат од нејзиното работење.

„На седница на Советот на Град Скопје на 11.02.2020 година, усвоена е Програмата за работа на ЈП „Дрисла“ со што се создава можност во ЈП „Дрисла“ да започнат постапките за јавни набавки. Во рамките на затекнатите договори е и договорот склучен со фирмата „АЛПИМА ГРАДБА ТИМ ДООЕЛ“ којшто истекуваше на 18.02.2020 година. Имајќи предвид дека е краток рокот да се спроведат јавните набавки, ЈП „Дрисла“ се обрати до Министерстство за финансии и Бирото за јавни набавки да може да се склучи договор со непосредна спогодба за период од 3 месеци додека заврши постапката за јавната набавка. Таквото барање е одобрено од Бирото“, – велат од Град Скопје.

Тие велат дека по основ на одобрението, ЈП „Дрисла“ склучила договор со истата фирма „АЛПИМА ГРАДБА ТИМ ДООЕЛ “ за цена којашто е поевтина за повеќе од 10% од претходниот договор со нив, склучен од претходното раководство.

Поврзани новости