1.1K
Тажно и тивко беше денеска во Драмскиот театар во Скопје каде се одржа комеморација за актерот Ванчо Петрушевски.
Тој почина во саботата од струен удар во својата викендичка во Орешани. Од доајенот на македонското глумиште се простија многу негови колеги, а најемотивен беше Гоце Тодоровски, кој со солзи во очите раскажа за неговото пријателство со популарниот Рамче.
„Повеќе бев со Ванчо, отколку со самиот себе, 57 години бевме заедно. Викендичката во Орешани беше омиленото место на Ванчо, често бевме таму и заедно. Од тага, веќе никогаш нема да стапнам таму“, рече низ солзи Тодоровски.