ВМРО-ДПМНЕ: Преку ЈСП се испумпуваат 200 илјади евра во стилот на „Вози Мишко“

by Fokus

СДСМ удри на крадење на најјако, а референдумот е само параван зад кои ги сокриваат сите криминали на картелот на власт.„Модус операнди“, односно начинот на извршување на делата во поголем број на случаи е ист, реагира советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Поповска.

„Некој сопственик добива иновативна идеја да отвори фирма во определена дејност и за неверојатно чудо една недела подоцна или еден месец подоцна, токму во таа фирма и дејност во одредена државна институција распишува тендер и нормално новоформираната фирма има понудено најдобри услови. Ова е начинот на кој што СДСМ расипнички ги троши народните пари. Ова го видовме при распишувањето на крвавиот тендер тежок 35 милиони евра во Здравство, а слични примери се најдоа и меѓу субјектите кои беа наградени со стотици илјади евра од фондот за иновации – истакна Поповска.

Таа додава дека сега истиот начин на работење го гледаат и на локално ниво, односно расфрлањето со стотици илјади евра, пари на граѓаните, од страна на ЈСП.

„И тука постои сериозно сомневање за постоење на криминалната шема на СДСМ за испумпување на пари од Буџетот. Имено преку ЈСП Скопје се испумпуваат 200 илјади евра за две набавки кои ги добиваат две фирми во сопственост на едно исто лице, регистрирани на иста адреса, формирани непосредно пред да го добијат бизнисот. најтрагично е тоа што вобичаените услуги се плаќаат по двојно повисока цена. Имено Фирмите „Идкардс“ и „Ит плус смарт консалтинг“ формирани од лицето Б.М. на неговата домашна адреса „Димо Хаџи Димов“ број 81, само еден месец откако се формирани се јавуваат како извршители на бизнис во вредност од 200 илјади евра, првата за набавка на електронски картички за возење, по цена поскапа од претходната, а втората за консултантски услуги – тврди Поповска.

 

Поврзани новости