Гостиварец уапсен откако удрил по полицаец

by Fokus

Вчера попладне жител на гостиварското село Балиндол бил приведе, затоа што претходно физички нападнал полициски службеник, велат од МВР.

„На 24.04.2021 во 15.10 часот на крстосница од бул.„Браќа Ѓиноски“ и бул.„Гоце Делчев“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Б.(49) од с.Балиндол, гостиварско, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Поврзани новости