Гостиварчанец уценуван дека видео разговори од љубовна врска ќе ги добие семејството, уапсени двајца

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека успасиле две лица од општина Јегуновце, кои цела година уценувале жител на Гостивар дека видео разговори и пораки од љубовна врска ќе ги достават до семејството, доколку не им исплати пари. Според податоците од полицијата тој на неколку наврати преку брз трансфер на пари им исплатил 10.000 евра.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.И.(33) и М.И.(31), двајцата од село Орашје, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. Во периодот од април 2022 година до  април 2023 година, пријавените повеќе пати уценувале 50-годишен жител на Гостивар дека видео разговорите и разменетите пораки со второпријавената, со која бил во љубовна врска, ќе ги пратат на неговото семејство. Со ваквите дејствија тие го принудиле во неколку наврати да им исплати вкупно 10.000 евра преку брз трансфер на пари“, соопшти МВР.

Поврзани новости