Гостиварчанец извршил харакири: Се прободел во стомак поради семејна расправа и завршил на Клинички

by fokus

40-годишниот Б.С. од Гостивар се прободел во стоамкот поради семејна расправа вчера околу 16.15 часот на улицата „Никола Парапунов“ во Гостивар. Како што велат од полицијата во куќата сопственост на С.С., дошло до несогласување во семејството и во еден момент синот на сопственикот, Б.С. (40) со нож се прободел во делот на абдоменот.

„Неговите родители веднаш го однеле во Медицинскиот центар Гостивар, од каде поради сериозноста на повредите бил препратен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости