Гошев остро за Ангеловска: Таа министерка во оставка ја искористила својата положба

by fokus

Поранешниот гувернер на Народна банка, Петар Гошев во изјава за ТВ 24 рече дека министерката за финансии Нина Ангеловска ја искористила, односно злоупотребила својата положба и си ги повлекла парите од Еуростандард банка пред два месеци.

-Таа министерка во оставка се грижела за своите пари. Јасно е дека таа ги извлекла тие пари, јасно е дека можела да има информации за состојбата на банката, за она што ја очекува банката, затоа што министрката е член на Комитетот за финансиска стабилност, Комитет формран кога јас бев гувернер. На седниците на тој комитет се расправаат слабите точки на финансискиот сектор, во случајов во банкарскиот. И таа дефинитивно имала информација за тоа што може да и се случи на оваа банка и таа како што гледаме пред два месеци ги извадила тие пари. Е сега во моментот на вадењето на нејзините пари немало формална забрана депонентите да ги извлечат парити, но овде имаме искористување на положбата. Ако нема кривично дело врз основа на закон овде има голем етички проблем, вели Гошев.

Поврзани новости