513
Повторно гори во Општина Ѓорче Петров, овојпат во близина на селата Никиштани и Грачани, пренесува Макфакс.
Од Центарот за управување со кризи известија дека пожарот е на непристапен планински терен и се шири кон реката Лепенец.
И покрај исклучително лошиот терен за гаснење на пожарот испратени се шест лица со две возила, но најверојатно ќе биде неопходна интревенција од воздух.