527
Два активни пожари има во Кичевско и еден во Македонски Брод, известува Регионалниот центар за управување со кризи Охрид.
Пожарот што избувнал на 30 октомври во 13 часот во близина на Тајмиште во општина Кичево е сè уште активен.
Во гасењето на пожарот вчера интервенирале четири лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“.
Според последните информации, пожарот се движи во правец на селото Колари, но сè уште е далеку од населеното место.
Сè уште е активен и пожарот над кичевското село Бачишта, кој почна на 30 октомври во 20:30 часот. Според РЦУК Охрид, со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, лисја, папрат и ниска вегетација.