Ѓорѓиевски: Во која држава премиерот, министерот за внатрешни и претседателот на државата седат на иста маса со криминалци и нарко-босови?

by fokus

Целосно фијаско доживеа Оливер Спасовски со акцијата „Планина“, нарко-босовите му побегнаа, ама затоа заплени дури 100 грама кокаин.
Имаме два дена молк од Спасовски после изјавата на Русковска дека имало крт во МВР и дека им била пробиена акцијата. Акција која замислете беше организирана со месеци, истакна денеска Орце Ѓорѓиевски, од ВМРО-ДПМНЕ.

-Спасовски избегнува да одговори на прашањата кој е кртот, и како од акција најавувана со фанфари на собраниската говорница, заврши со заплена на 100 грама кокакин и клучеви од луксузни возила на нарко-босовите, истакна Ѓорѓевски.

Тој истакна и дека високи функционери од власта се форографирале со нарко босовите кои се во бегств.

-На социјалните мрежи и интернет портали изминативе два дена се појавија фотографии, на кој јасно може да се види дека токму Спасовски и високи функционери од власта седат на иста маса со нарко босовите кои сега им побегнаа. Заедно на иста маса насмеани министри, градоначалници и нарко-босови и криминалци.
Во која држава премиерот, министерот за внатрешни и претседателот на државата седат на иста маса со криминалци и нарко-босови?
На овие можат да им позавидат и најпознатите нарко картели во светот, истакна Ѓорѓиевски.

Тој го прозва и претседателот Стево Пендаровски.

-Молк и од страна на Стево Пендаровски. Јавноста е исто така сведок и на фотографија од претседателот Пендаровски заедно со еден од овие нарко-босови, како што ги нарече самата Русковска. Како претседател на Советот за безбедност, Пендаровски е должен да одговори каква конекција има и имал со овие лица?, вели Ѓорѓевски.

На фотографиите според него може да се види и братот на премиерот, Вице Заев.

-Исто така од фотографиите може и да се забележи и братот на премиерот Заев, Вице Заев во друштво со овие докажани криминалци.
Од тука повторно прашуваме, кој им дојави и дозволи на овие криминалци да побегнат? Дали високи функционери од МВР и од власта стојат позади овој неуспех на акцијата? Дали заради вмешаност на високи фунционери во државата е причината за неуспехот и на оваа акција?
Само едно е јасно почитувани, власта е поддржувач на овие криминалци и дилери на дрога низ Скопје и Македонија. Затоа и оваа акција им пропадна, бидејќи токму истата таа власт е таа што ги штити криминалците и нарко-босовите во нашата држава.
Одговорност мора веднаш, заклучи тој.

Поврзани новости