Казнети 325 возачи, дел возеле со 70 километри на час побрзо од дозволеното

by fokus

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли на патиштата од Гевгелија до Скопје и од Куманово до Охрид, а во текот на вчерашниот ден санкционирани се 325 возачи за возење со брзина погилема од дозволената, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес – конференција во Тетово.

– На територијата на СВР Тетово полициските службеници санкционирале 194 возачи, од страна на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи се изречени 47 мерки, а останатите се од страна на полициски службеници од СВР Охрид, СВР Куманово и СВР Скопје, рече соопшти Ангеловски.

Додаде дека 38 возачи возеле со дури 70 километри на час над дозволената бризна, а 146 со брзина од над 50 километри на час над дозволеното.

– Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови, а евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Како резултат на преземените мерки, намален е бројот на жртви во сообраќајни незгоди, 2020 година е година со најмал број на жртви (125). Покрај сообраќајните контроли, спроведуваме и превентивни акции со цел да ја зголемиме сообраќајната култура. Од овој месец заеднички со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот ја почнавме кампањата за користење на сигурносен појас, а во тек се и други превентивни активности, појасни Ангеловски.

Портпаролот Ангеловски најави продолжување на засилените контроли и апелираше до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Поврзани новости