Ѓорѓиевски: Спасовски му го довери ветингот на Дујовски, чија сопруга ја вработи во МВР

by Фокус

Додека Оливер Спасовски им замачкува очи на граѓаните со наводен ветинг, го партизира и приватизира МВР, поставувајќи на клучни позиции негови блиски луѓе и партиски функционери, обвини денеска на прес-конференција членот Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

-Функцијата да го води ветингот му ја довери на Никола Дујовски, за чија сопруга Спасовски одбегнува да одговори дали ја вработил во МВР, под кои услови ја вработил и на кое работно место – рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека Спасовски во МВР ги вработил сопругата на секретарот на СДСМ Куманово, синот на командирот на СВР Куманово, братот на неговиот советник Митко Бојмацалев, синот на советникот во неговиот кабинет Љубиша Ристовски итн.

Поврзани новости