Изет Меџити стана претседател на чаирскиот огранок на ДУИ на местото на Бекир Асани

by Фокус

Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити, кој беше долгодишен градоначалник на Чаир, е новиот претседател на огранокот на интегративците во оваа скопска општина. Тој едногласно ја доби довербата од Изборното собрание, како единствен номиниран кандидат за оваа партиска функција.

– Од понеделник ќе бидеме на терен, на состаноци со граѓаните за да ја создадеме новата програма на ДУИ за подобри услови за граѓаните – рече Меџити.

Инаку, долги години прв човек на чаирскиот огранок беше контроверзниот Бекир Асани, кој го привлече вниманието на јавноста по инцидентот со полицијата во врска со паркирано возило пред „Мавровка“.

Поврзани новости