530
Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и Тимчо Муцунски, одлучија да го истурат ѓубрето пред „Дрисла“, откако не им беше дозволено нивните камиони да влезат внатре во депонијата.
Тие појаснија дека долго време се обидувале да дојдат до одговорните во „Дрисла“, за да може, како што велат, да го положат сметот во депонијата, за што уредно плаќаат.
Помеѓу опцијата да го вратат ѓубрето во Скопје и да го истурат пред депонијата, тие велат дека ја одбираат втората.