790
Утрово се запалила фасадата на Владата и пожарот зафатил дел од електричната инсталација, меѓутоа како што информира командантот на Скопската против пожарна единица, Благоја Менковски направена е незначителна материјална штета и нема повредени бидејќи тој дел од објектот сѐ уште се реновира.
Менковски вели дека веднаш по информацијата дошла екипа со шест противпожарни возила и многу бргу го локализирале и го изгасиле оганот. Причините за пожарот сѐ уште се непознати, се очекува МВР да излезе со повеќе информации.
Пред десетина дена фасадата на Владата беше гранатирана и одговорноста ја презема изесна радикална групација НОА.
Видео од пристигнување на пожарната екипа.