Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова го сврте вниманието на јавноста со најавата за емисијата „Еден на еден“, која треба да се емитува денес во 18.30 часот на Канал 5, кога ги покажа своите танцувачки способности.
Таа заигра рокенрол заедно со водителот Жаре, а по реакциите на јавноста, порача дека ако некој нема енергија, воопшто да не се нафаќа на рокенрол.
-Шармантниот Жаре успеа да го разбуди жарот во мене, жарот за рокенролот. Бидејќи, рокенролот нема почеток и крај, тој е е пулсот на самиот живот. Животната енергија е многу важна за сѐ што правите во животот, а ако немаш енергија – не се ни нафаќај на рокенрол.
Самата најава на емисијата „Еден на еден со Жаре“ предизвика бран реакции на социјалните мрежи: верувајте, се воодушевив од досетките дури и кога беа на моја сметка. Погледнете ја целата емисија денес во 18:30 на Канал 5 – како ретко кога досега уживав во духовитоста и стилот на целата емисија. Се надевам и вас ќе ве опушти – порача Силјановска Давкова.
Вики Клинчарова