Силјановска: Не очекував мотото да ми биде „Правда за Македонија“, но фокус групите го одбраа

by fokus 10:15
10:15

Слоганот „Правда за Македонија“ е одбран врз основа на истражувања. Искрено јас не очекував, но најголемиот дел од фокус групите што беа анкетирани го одбраа ова и така мнозинството од оние кои одлучуваа рекоа дека ова е најсоодветното мото, вели претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Таа зборува и за тоа како гледа на бегството на Груевски, за експертиските групи кои планира да ги формира, за одржливоста на Преспанскиот договор, барањата за аболиции.

-Контрадикторноста може да ја барате во однос на ВМРО-ДПМНЕ, но јас и кога ме бираа на конвенцијата и кога ме избраа реков дека гревовите на ВМРО-ДПМНЕ се гревови на ВМРО-ДПМНЕ, јас сум непартиски човек ви благодарам што отворивте порта за мене, но јас себе се гледам како претседател на сите граѓани, а не претседател на членовите и на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Самите тие кои отворија порта за некој кој ги критикувал на линија на која вие говорите за мене е демократски исчекор, вели Силјановска.

- Advertisements -

Поврзани новости