482
Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, пристигнала во Основниот суд Скопје 1, кадешто ќе треба да даде исказ, пишува А1Он. Таа, како и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е осомничена во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Се товари за кривично дело „изборна измама“ со цел останување на власт.
Денеска исказ даде и осомничениот И.Г., за кого судијата на претходна постапка во текот на денешниот ден треба да каже дали ќе му биде одредена мерка притвор, како што тоа го побара Специјалното обвинителство.