СДСМ ќе падне како ВМРО-ДПМНЕ во 2002 година, кога освоивме под 30 пратеници, и многу тешко ќе состави влада и покрај евентуалниот сојуз со албански партии, вели поранешниот пратеник, министер, амбасадор, градоначалник кој беше и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев, во изјава за неделникот „Фокус“, кој анализира „Дали Мицкоски ќе слави пирова победа како Борисов или Ковачевски ќе пропадне како Папандреу“.
– Според мои проценки, ВМРО-ДПМНЕ реално гледано ќе освои над 50 пратеници или тука некаде, зависно помалите коалициски партнери колку ќе донесат, оние сега што се, плус евентуално Павле Трајанов и уште некој ако се приклучи, гледам сигнали од ВМРО-НП итн. Без албански партнер, тешко ќе се воспостави стабилна власт, ќе треба многу компромиси со Левица, Максим Димитриевски, кои имаат свои специфики и се од другиот идеолошки блок – вели Ѓорчев.
Според него, особено битно за политичката сцена, вклучително и за ВМРО-ДПМНЕ, е дали „огнената група“ целосно ќе се издвои од ДУИ и ќе формира респектабилен коалициски блок со опозициските Беса и Алтернатива.
– Али Ахмети е воен херој, мит… И албанските лидери тешко одат против Ахмети, но има опозициско расположение, гледам и одредено поттикнување од меѓународната заедница, од која дел е за промени и во ДУИ. Па, овој блок би ѝ парирал на ДУИ, и ако освои над 10 пратеници, може да му донесе стабилност на ВМРО-ДПМНЕ при евентуално идна влада – смета Ѓорчев.
Тој додава дека земјава е во голема криза по Преспанскиот договор и компромисите со Бугарија, при што очекува до израз да доаѓаат се потешки поделби.
Влатко Стојановски
Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.