532
Претседателот на Комисијата за политички систем, Влатко Ѓорчев, денеска повторно го одложи продолжението на седницата на Комисијата, а како причина го наведе тоа што обвинителката Катица Јанева не ги известила дека нема да присуствува.
Во петокот, Јанева ја напушти седницата и рече дека веќе нема да се појавува се додека не биде закажана пленарна седница, бидејќи и се вршел мобинг.
Ѓорчев седницата ја презакажа за утре, кога во Собранието на дневен ред се пратенички прашања.