403
Оние кои ја поддржуваа Шарената револуција секој ден се оградуваат од неа на Фејсбук, оние кои што пишуваа секој месец по 3-4 или 10 колумни секој месец се погласно пишуваат против оваа актуелна Влада, истакна Влатко Ѓорчев на денешниот протест пред затворот во Шутка.
– Тука сме да им порачаме на оние кои што неправедно се внатре, дека можат да ги чујат македонските песни со кои израснале, тука сме да им порачаме дека не се заборавени, тука сме да им порачаме дека надвор има многу луѓе кои ги чекаат, пред се и над се нивните семејства. Тие што ве прогонуваат ќе шептат, а вие гордо ќе одите. Тие што ве прогонуваат нема да им биде сеедно – истакна Ѓорчев.