Ѓорчев: Од 2017 година досега сме изгубиле деца за 200 паралелки

by Фокус

Македонија никогаш во својата историја немала помалку првачиња и ученици, празни училишта и недоволно часови за наставниците, а на земјава ѝ се случува демографска, образовна и човечка катастрофа, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Според податоците на партијата, кои денеска на прес-конференција ги соопшти Влатко Ѓорчев, во повеќе општини низ државата има значително процентуално намалување на бројот на ученици.

-Општина Велес во однос на минатата година има 49 помалку првачиња, рецесија од 10 отсто. Општина Охрид има 94 помалку првачиња, тоа е рецесија од фрапантни 17 отсто помалку првачиња за само една година. Општина Струга има 52 помалку првачиња, тоа е рецесија за само една година од 9 отсто“  – рече Ѓорчев.

Според него, во Тетово има 200 помалку средношколци и 50 помалку основци кои се запишани во основно образование, а општина Гостивар има само 50 проценти пополнети места во основно и средно образование.

-Во 2017, годината кога се раѓаат денешните првачиња, родени се 21.700 деца, сега според овие тенденции, според овие бројки коишто се комплетираат, бројот на првачиња ќе биде можеби нешто под 18 000 првачиња. Тоа значи дека само до нивната 6-та година, до наполнети 6 години, сме изгубиле 15-20 отсто деца коишто се иселиле и си заминале од Македонија сосе своите родители. Тоа е пад од фрапантни 4 илјади деца од 0 до 6 години. Поделете го тоа на 20 деца по паралелка, значи дека само од 0 до 6 години од 2017 година и Зоран Заев со неговиот „Живот во Македонија“, сме изгубиле 200 паралелки – рече тој.

Поврзани новости