Зоран Заев може да бега од правдата, но не може да избега. Благодарение на Бранко Црвенковски се спаси од одговорност за криминал тежок 8 милиони евра, а сега благодарение на Катица Јанева се спаси од одговорност за „Пуч“ и директно рушење на уставниот поредок на Република Македонија, рече на прес конфереција Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Ѓорчев, Зоран Заев е „единствениот криминалец кој е два пати аболициран“.
Тој е единствениот политичар и во Европа и во светот со вакво досие, рече Ѓорчев и додаде дека „аболицираниот Зоран Заев во политиката гледа засолниште и спас за криминалот. На тој начин смета дека е привилегиран во однос на останатите граѓани за кои важат законите“.
„Катица Јанева знаеше дека има премногу докази кои ја потврдуваат вината на Заев и Верушевски. Затоа Катица Јанева одлучи да му помогне на својот штитеник и да го спаси од одговорност. Доколку и Заев и Верушевски и Јанева беа убедени дека злосторничкото здружение одговорно за „Пуч” е невино, ќе оставеа тоа да се докаже во судска постапка. Вака СЈО наместо да го гони криминалот, одлучи да се стави во негова одбрана. СЈО целосно се делегитимираше и покажа дека е непрофесионално, партизирано и политизирано. ВМРО-ДПМНЕ апелира Катица Јанева и другите послушници на Заев да не помислат да украдат, уништат или сокријат макар и еден доказ од предметот „Пуч”, рече Ѓорчев.