511
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на чело со лидерот Христијан Мицкоски, оствари средба со жителите на Македонска Каменица.
Како што истакна пратеникот Влатко Ѓорчев, граѓаните се загрижени од штетните политики на Владата на Зоран Заев, но им вети подобри времиња.
„Со претседателот Мицкоски и членот на ИК, Димовски, денес бевме во посета на Македонска Каменица. Луѓето се разочарани од штетните политики на власта предводена од Зоран Заев и СДСМ“, се вели во напишаното на Ѓорчев на Твитер.