Ние тоа што го бараме е поддршка од ЕУ, работи коишто не можат да бидат политички интерпретирани: култура, историја и образование, тоа е нешто што за кое што секоја држава има право да си го решава на начин за којшто постојат историски факти, за коишто постојат документи, за коишто постојат архиви. За тоа не би требало политиката да меша прсти и тука да имаме политички интерпретации на една или друга држава, истакна Марјан Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија.
Ѓорчев додаде дека Македонија има дадено многу жртви за ЕУ, како и дека има направено многу реформи.
„Бараме од ЕУ да ги почитува своите стандарди, Копенхашките критериуми и да го остави сето она нам што ни претставува пречка за нашето зачленување во ЕУ“, појасни тој.
Тој посочи дека време е Македонија да влезе во ЕУ и рече дека ЕУ има механизам преку своите работни тела да го реши проблемот со Бугарија.
„Прашања кои што не се дел од Копенхагешки критериуми не треба да се коментираат и да се услов за зачленување во ЕУ“, појасни Ѓорчев.
Тој укажа дека уставни измени пред зачленување е класична уцена.