422
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев смета дека Македонија се наоѓа пред катастрофа, поради слабиот упис на првачиња за новата учебна година во училиштата.
„Постојат информации дека 18.500 првачиња се упишале за новата учебна година. Не се обработени податоци за уште 10 општини. Но, факт е дека Македонија се наоѓа пред економска демографска катастрофа. Не може да биде рамнодушен човек на ова. Дојдовме до тоа луѓето да имаат грутка во грло кога граѓаните скандираат „Македонија, Македонија“, истакна Ѓорчев.