Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, на денешната комисиска расправа за уставните амандмани ги праша пратениците од СДСМ кога ќе го сменат името на партијата во Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија.
Реплицирајќи и на пратеничката од СДСМ, Анета Симеска Димеска, тој го згреши нејзиното презиме, а пратеничката реагираше.
-Што? Ви смета една буква што ви згрешив, а вие што на два милиони луѓе ќе менувате име тоа нема врска. Да ве прашам кога ќе станете Социјалдемократски сојуз на Северна Македонија. Дали тоа едногласно ќе го изгласате, со аплаузи? Ако е толку добро името, почнете да го користите во секое обраќање, кажете го. Ќе го менувате уставот око не ви трепнува. Кога ќе почнете да ги менувате таблите во училиштата, со штрафцигери или чекани ќе ги менувате? Униформите на армијата со ножици ли ќе ги сечете? Како ќе гласи името на вашиот град. Ќе смееме ли да бидеме Македонси Брод или Македонска Каменица – рече Ѓорчев.