Ѓорчев: Чичаковски да стане од спиење и да ги објави конечните резултати

by fokus

Носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во шестата изборна единица,  Влатко Ѓорчев ја повика Државната изборна комисија конечно да ги објави изборните резултати.

– Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ е победник. Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ има кристална јасна победа со значителна разлика. Време е ДИК после цел ноќ и ден да излезе со конечните резултати. Загрижени сме затоа што претседателот на ДИК, Александар Чичаковски денес на пладне, во 12 часот си заминал со објаснување дека морал да оди да спие од 12 до 19 часот. На денот кој е најважен, еднаш во четири години кога треба да си ја заврши работата. Улогата на ДИК е еднаш во четири години, или еднаш во две години да спроведе избори – рече Ѓорчев и побара Чичаковски да каже дали навистина отишол да спие или е некаде на консултации или на средби.

Од ДИК најавија конечни резултати најдоцна до 19 часот.

 

Поврзани новости